фото: Ѓорче Петров - ЖРК

Бесплатен влез за мечот во „Автокоманда“: ЖРК Ѓорче Петров се бори за четвртфинале во Европскиот куп

В сабота од 18.00 часот во спортската сала „Автокоманда“ во Скопје актуелниот македонски женски ракометен шампион ЖРК Ѓорче Петров ќе го игра првиот натпревар од осминафиналето во Европскиот куп против Хазена Кинжварт од Чешка.

Влезот за овој меч ќе биде слободен за сите љубители на ракометот и спортот, со цел да се даде потребната поддршка за ракометарките на тренерот Симе Симовски да се извлече поволен резултатот пред реваншот кој е закажан за 20 јануари.

Ѓорчепетровки во ова натпреварувањето до сега ги елиминираше ЖРК Тиват (Црна Гора) и Еупен (Белгија).

Судии на утрешниот дуел ќе бидат Емил и Ернест Агакиши од Азербејџан, а ЕХФ делегат е Ана Марија Стоја од Романија.

Што се однесува до настапите во домашниот шампионат, ЖРК Ѓорче Петров во есенскиот дел од сезоната запиша максимални 39 бодови, со победи на сите 13 натпревари. Вториот дел од сезоната ќе започне во март, а најдобрите четири екипи од Македонија ќе обезбедат настап на меѓународната сцена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот