Фото: Слободен печат

Бесплатен скрининг за рак на дојка во тетовско: Се почесто се појавува кај младите жени но и кај мажите

Ракот на дојка во тетовско се почесто се дијагностицира, покажуваат податоците од бесплатните прегледи кои со години се организираат во Здружението на пензионери Тетово.

Доктор Павле Спасеноски кој ги врши прегледите во здружението, вели дека кај секоја втора жена констатира малигно заболувања на дојката.

„Бројките се поразителни оти ако кажам дека 50 % од прегледаните имаат малигно заболување, тоа е катастрофа, а најголемата причина според мене е стресот. Генетиката велат дека игра голема улога, но јас не сум нашол некоја релација“, вели доктор Спасеновски.

Пациентите кои денеска ја искористија можноста бесплатно да се прегледаат ги поздравуваат ваквите акции. Велат во рамки на здравствените установи, ретко може да се добие термин за ехо преглед, а ова е добра можност.

„Дојдена сум за преглед на ехо на дојка, бесплатно е и добро е вака што се организира. Без разлика на возраста секој да си дојде што побрзо толку подобро. Јас мислам дека послабо одат жените на прегледи, вака како што се дружам, велат треба да одиме да испитаме, ама велат треба, но, не одат. Но, во болниците малку потешко е за преглед, не можеш да дојдеш на ред, ниту да добиеш упат. Значи треба да чекаш многу време, а велат раното откривање на болеста е лек, а ова сега навистина е супер и бесплатно“, вели Сунца Костовска од Тетово.

Загрижувачки е што ракот на дојката се повеќе се дијагностицира и кај помладата популација. Најдобра превентива е самопрегледот, но и при најмал симптом, веднаш да се оди на лекар, советуваат здравствените работници.

Фото: Слободен печат

„Моето согледување е лошо оти порано ракот на дојката го дијагностициравме кај постарата популација, а сега има малигнитет и под 30 години.Младите еднаш годишно, а постарите и два пати годишно треба да одат на ехо преглед. Со оглед на ситуацијата со нагло влошување на болеста, моја препорака е сите женски да си се контролираат. Дали има или нема симптоми потребна е контрола, секое рано откривање на болеста ја лечи оваа болест.Самоконтролата е важна работа. Најдобро е жените да вршат контроли кога се тушираат, трите прсти да ги движат како стрелките на часовникот.Во почетокот младите треба да си ја осознаат структурата на дојката, после секоја промена на структурата на дојката веднаш да се јават на специјалист“, изјави Д-р Павле Спасеновски специјалист радиолог.

Ракот на дојката се почесто се открива и кај мажите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!