
„Беше тешко“: Дениз Ричардс откри како им кажала на своите ќерки дека Чарли Шин има ХИВ
Актерката Дениз Ричардс и Чарли Шин беа во брак од 2002 до 2006 година и заедно имаат две ќерки – Сами (21) и Лола (19). Во неодамнешно интервју, Ричардс се присети на моментот кога морала да им открие на своите деца дека нивниот татко е позитивен на ХИВ.
Препорачано
Ричардс отсекогаш имала отворен однос со своите деца, но кога Лола и Сами биле помлади, таа се трудела да ги заштити од гласините што кружеле за нивните родители. Меѓутоа, во 2015 година, била шокирана кога нејзиниот поранешен сопруг Чарли Шин јавно открил во емисијата „Тудеј“ дека е позитивен на ХИВ.
„Сакав барем да ме предупреди однапред, да ми каже: ‘Еј, денес ќе го објавам ова.’ Знаеш? Затоа што беше насекаде“, изјави Ричардс во поткастот на Џена Крамер.

Таа раскажа дека поради неговото признание морала веднаш да ги земе своите ќерки од училиште, бидејќи се плашела дека нивните соученици ќе ја дознаат веста пред нив и ќе им ја соопштат на несоодветен начин. „Морав да разговарам со нив за тоа“, вели актерката, признавајќи дека тоа бил еден од најтешките моменти во нејзиниот живот. „Беше многу тешко да им објаснам што точно значи тоа“, додава таа. Исто така, нагласи дека тоа бил единствениот пат кога со своите ќерки разговарала за некоја јавна контроверзија поврзана со неа и Чарли.
„Секогаш се обидувам да ги заштитам од такви работи“, вели Ричардс.
Во една од епизодите на своето реално шоу, Ричардс откри дека Шин бил исклучително љубоморен и не ѝ дозволувал да комуницира со својот поранешен дечко Патрик Малдун.
„Не разговарав со Пат додека бев во брак со Чарли“, призна таа.
Ричардс денес е мажена за Арон Фајперс, со кого стапи во брак во 2018 година. Освен двете ќерки со Шин, таа во 2011 година посвои уште една ќерка, Елоиз.