Роберт Хабек/ Фото EPA-EFE/FILIP SINGER

Берлин уверува дека климатските цели за 2030 година се остварливи

Германскиот министер за заштита на климата Роберт Хабек верува дека целта на земјата за заштита на климата за 2030 година е остварлива, врз основа на новите податоци за животната средина.

– Ако останеме на курсот, ќе ги постигнеме нашите климатски цели за 2030 година, рече Хабек, коментирајќи ги новите податоци на Федералната агенција за животна средина.

Според Законот за заштита на климата, Германија треба да ги намали своите емисии на стакленички гасови за 65 проценти до 2030 година во споредба со 1990 година.

Според ресорното Министерство, во својот последен проекциски извештај, германската Федерална агенција за животна средина претпоставува намалување за нешто помалку од 64 проценти, што значи дека целта е на дофат.

Лани се очекуваше намалување од само 63 проценти, а пред тоа само 49 отсто.

Сепак, вистинското подобрување е во годишните емисии на стакленички гасови кои се очекуваат до 2030 година, за кои има и целни вредности во Федералниот закон за заштита на климата.

Претходните пресметки сугерираа дека се надминати вкупно 1.100 милиони тони еквиваленти на CO2, бројка што се користи за да се споредат различните стакленички гасови.

Федералната агенција сега очекува Германија да потроши вкупно 47 милиони тони CO2 помалку од она што е пропишано со закон до 2030 година. Министерството за заштита на климата го образложува ова со напредокот во заштитата на климата и проширувањето на обновливите извори на енергија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот