Фото: EPA-EFE/STR

Бензема четири месеци не постигнал гол: Не сум истиот затоа што и соиграчите не ми се исти

Карим Бензема во дресот на Реал Мадрид беше еден од најдобрите светски напаѓачи, но во последниот период во дресот на Ал Итихад не му оди.

Францускиот напаѓач е без гол на последните осум натпревари, односно временски не погоди цели четири месеци. Последен пат Бензема беше стрелец на 15. декември во натпреварот против Ал-Ахли на Светското клупско првенство (3:1).

Во споменатиот период тој запиша четири асистенции, но промаши два пенали, а еден гол му беше поништен поради офсајд.

Новинарите го запрашаа и самиот Бензема за неговата лоша форма, тој дел од вината префрли и на соиграчите.

„Не сум постигнал гол од декември? Но, не се истите фудбалери тука…затоа и јас не сум истиот Бензема, тој што беше во Реал Мадрид. Ова е моја прва година. Потребна ми е помош на теренот, не можам сам да победувам. Заминување од Ал Итихад? Многу работи се пишуваат, ќе видиме што ќе се случи, мојот фокс е на натпреварите“, изјави Ал Итихад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот