Белгија воведува ригорозни казни за неносење појас, ако еден не е врзан, ќе платат сите што се во возилото!

Многу земји се борат со непослушните возачи, како и со патниците во возилата. На пример, носењето појас во возилата е сè уште неразбирливо дејство за многумина, а последиците можат да бидат фатални во случај на судир.

Ова особено се однесува на патниците на задното седиште во возилото, кои сè уште имаат навика да се возат без појас, со што се загрозуваат себеси и оние што седат пред нив. Поради оваа причина, Белгија подготви измени во својот Закон за патен сообраќај, кои ќе бидат активни од 1 септември, пишува ХАК Ревија, пренесува Пословни дневник.

Заедно со низата дополнувања, вреди да се спомене и казната за сите патници во возилото доколку некој од нив не носи појас. Во основа, оној кој не е врзан ќе плати 100 евра, но исто толку ќе платат и возачот и другите патници во возилото, дури и да се врзани. Тие ќе бидат казнети затоа што не извршиле влијание врз личност која не е врзана. Конечно, сите лица во автомобилот, на пример, ќе платат 150 евра доколку еден од патниците што не е врзан е дете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот