Азиланти во Белгија/Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Белгија подготвува план за депортирање на мигранти од Авганистан

Белгија подготвува план за присилно враќање на авганистанските мигранти, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на изјава од канцеларијата на државната секретарка за азил и миграција во заминување, Никол де Мур.

Планот се очекува да биде претставен и дискутиран на претстојниот состанок на Советот на ЕУ за правда и внатрешни работи. Забележано е дека Белгија го запре враќањето на Авганистанците по обновувањето на талибанскиот режим во Кабул во 2021 година.

Се известува дека Авганистанците се третата по големина група баратели на азил во Белгија. Сепак, според податоците на меѓународните организации, само 35 отсто од барањата за заштита поднесени од Авганистанци се одобрени.

Според белгиските власти, прво мора да бидат вратени Авганистанците кои извршиле злосторства или други нарушувања на јавниот ред. Планирано е враќањето да се врши преку Истанбул, а потребниот буџет допрва ќе се прецизира. Планот се очекува да го спроведе следната редовна белгиска влада, која се уште е во фаза на изработка и би можело да биде завршен до крајот на месецот.

Белгиските власти прецизираат дека соработката на талибанците нема да биде неопходна за таа цел и дека на Авганистанците веќе не им се заканува прогон во нивната земја и нивните барања за заштита се повеќе ќе се одбиваат. Минатата година само 19 Авганистанци решиле доброволно да се вратат дома, покажуваат податоците на белгиската влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот