Фото: KF Shkendija/FB

Беќири: Фудбалерите имаат доволно информации за противникот, се надевам утре ќе ги искористат

Македонскиот фудбалски шампион, Шкендија, утре го игра првиот натпревар од 1. квалификациско коло во Лигата на шампионите, на гостински терен против велшкиот првак ТНС. Иако натпреварот ќе се одигра во близина на градот Освестри, кој територијално припаѓа на Англија, ТНС е долгогодишен претставник на Велс во европските натпреварувања. Почетокот на мечот е закажан за 20:00 часот по македонско време.

Шефот на стручниот штаб на тетовци, Јетон Беќири, истакна дека тимот е максимално подготвен за предизвикот и дека стручниот штаб детално го анализирал противникот.

„Од стартот на подготовките работевме фокусирано, со јасна цел – да бидеме подготвени за овој натпревар. Верувам во моите играчи, знам дека ќе го дадат максимумот“, рече Беќири. Тој додаде дека иако дел од анализите доаѓале од аматерски снимки, екипата успеала да извлече прецизни информации за ТНС.

„Тие имаат неколку промени, но формацијата им е стандардна. Се надевам дека играчите добија доволно информации и ќе знаат како да ги искористат утре на терен“, истакна стратегот на Шкендија.

Напаѓачот Бесарт Ибраими, кој беше дел од тимот што го елиминираше ТНС во 2018 година, изрази надеж дека историјата ќе се повтори.

„Имаме позитивни искуства со ТНС, знаеме како играат и кои им се слабостите. Се сеќаваме на 2018 година кога славевме убедливо дома, но потоа потценувањето не чинеше пораз во реваншот. Овојпат ќе бидеме повнимателни, бидејќи знаеме дека на свој терен се опасни. Целта е јасна, да не загубиме утре и да ја завршиме работата дома“, порача Ибраими.

Шкендија утре ќе се обиде да го направи првиот чекор кон следната фаза во најелитното европско клупско натпреварување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот