Фото: Принткскрин/Јутјуб

Басистот на “Блек Сабат“ проговори за Ози Озборн: „Се познававме 57 години, не бев подготвен да видам колку е слаб“

Басистот на “Блек Сабат“, Теренс Гизер Батлер, се осврна 57-годишно пријателство со Ози Озборн. Вокалистот на метал бендот, познат и како татко на хеви металот, почина по битка со Паркинсонова болест.

И, додека светот тагува по „Принцот на темнината“, басистот на “Блек Сабат“, тагува по „Принцот на смеата“ – неговиот пријател кого го познавал речиси шест децении.

Батлер и Озборн пораснале во Бирмингем, во близина на фудбалскиот стадион на Астон Вила.

„Значи, беше многу добро што Ози и “Блек Сабат“ го завршија неговото патување од 1968 година до нашиот последен настап на овој стадион на 5 јули“, рече басистот кој додаде:

„Не знаев дека по таа ноќ никогаш повеќе нема да го видам“, додаде тој, пренесува „Пипл“.

Батлер рече дека пробите за последниот настап започнале еден месец порано и дека на почетокот биле само тој, Ајоми и Ворд, а Ози се придружил подоцна.

„Знаев дека не е во најдобра здравствена состојба, но не бев подготвен да видам колку е слаб. Дојде на проба со помош на медицински сестри и стап. Секако, не би бил Ози ако стапот не беше цел црн со злато и скапоцени камења“, откри Гизер.

Басистот рече дека Ози бил прилично тивок за време на пробите.

„Не зборуваше многу освен поздрави, кога пееше седеше на стол. Ги преслушавме песните, но сите забележавме дека е многу исцрпен по првите шест или седум песни. Малку си поразговаравме, но беше многу тивок во споредба со стариот Ози.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Geezer Butler (@geezerbutler)

Тој откри дека „најчудниот дел од концертот“ е крајот.

„Нормално би се прегрнале и би се поклониле пред публиката, но Ози беше на својот трон и не размислувавме за тоа. Тони му ја подаде раката, му донесов торта, но беше чудно чувство да ја завршиме нашата приказна така. Жалам што немав повеќе време со Ози зад сцената, но желбите сега не значат ништо“ призна тој.

Гизер, исто така, сподели повеќе детали за средбата со вокалистот на бендот, што доведе и до формирање на бендот “Блек Сабат“. Бендот, кој првично требаше да се вика „Earth“, басистот го нарече „најубавото патување во неговиот живот“. – Заедно со Ајоми и Ворд, станавме неразделни браќа. Заедно ги поминавме најдобрите и најлошите моменти. Нашата врска беше нескршлива – се сеќава тој.

По серија нископлатени работни места, вклучително и работа во кланица, Озборн го формираше бендот со гитаристот Тони Ајоми, кој подоцна беше преименуван во “Блек Сабат“.

Бендот ги постави темелите на хеви металот, а нивниот прв албум, издаден во 1970 година, привлече значително внимание. Со текот на годините, “Блек Сабат“ продадоа повеќе од 75 милиони албуми.

„За мене, тој не беше „Принцот на темнината“, туку „Принцот на смеата“. Тој би направил сè за смеа. Роден забавувач.

Озборн е познат по контроверзните настапи во текот на неговата кариера. Во 1982 година, тој откина глава на жив лилјак на концерт, верувајќи дека е играчка. Инцидентот доведе до тоа да биде хоспитализиран и да добие вакцина против беснило.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Geezer Butler (@geezerbutler)

Гизер откри дека и покрај контроверзните постапки на Ози, вокалистот „секогаш бил тука кога му требал пријател“.

„Кога дознал дека мојот син е роден со срцева маана, ме викаше секој ден за да види како сум, иако не разговаравме повеќе од една година. Никој не можеше да предвиди дека ќе нè напушти само неколку недели по нашиот последен настап. Многу сум благодарен што имавме можност да свириме за неговите обожаватели уште еден последен пат.“

Поради зависност од алкохол и дрога, Озборн беше исфрлен од бендот во 1979 година. После тоа, тој започна соло кариера, во која издаде неколку успешни албуми и соработуваше со бројни музичари.

“Имав среќа да имам можност да го поминам животот со него. Секако, има милион работи што би можел да ги напишам, но како можам да сумирам 57 прекрасни години пријателство во само неколку пасуси? “ рече басистот на бендот “Блек Сабат“.

Сите тројца членови на бендот му оддадоа почит на вокалистот по неговата смрт.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот