
Бар културата се движи напред: Каза Бар првата Paloma Embassy во Македонија
Каза Бар, еден од водечките коктел барови во главниот град, минатата недела беше “крунисан” како прва Paloma амбасада на престижниот грчки бренд Three Cents во Македонија – значаен чекор напред во развојот на современата бар култура кај нас.
Препорачано
Three Cents, основан од бармени во Атина, е интернационално реномиран бренд познат по своите природни, високо газирани пијалаци без конзерванси, создадени со цел да го издигнат искуството на коктелите на едно повисоко ниво. Нивната Pink Grapefruit сода е суштинскиот елемент во култниот коктел Paloma, кој веќе неколку години бележи глобална популарност.
Од друга страна, Каза Бар одамна ја има препознаено уникатноста на овој коктел – Paloma е составен дел од нивното сезонско коктел мени последните две години, со внимателно изработени рецепти кои прецизно го отсликуваат препознатливиот стил и пристап на барот. Со новото амбасадорство, оваа приказна добива официјално признание и интернационална тежина.
Дводневна прослава со регионален акцент и ексклузивен, едукативен мастерклас
По повод прогласувањето на Каза како првата Paloma Embassy во земјата, Каза во соработка со Пивара Скопје која е официјален дистрибутер на Three Cents, организираше дводневен настан исполнет со содржина и исклучителна атмосфера. Во четвртокот, 24 јули, зад барот настапи Александрос Сурбатис, глобален бренд амбасадор на Three Cents и еден од највлијателните бар експерти во регионот.
Гостите во Каза имаа можност да уживаат во внимателно креирано мени на коктели, меѓу кои и ѕвездата на вечерта, The One & True Paloma, инспирирани од стилот и квалитетот на Three Cents.
Следниот ден, во петокот, 25 јули, Каза беше домаќин на ексклузивен мастерклас воден од Сурбатис, наменета за професионалци, ентузијасти и љубители на уметноста на коктелот.
Овој мастерклас, организиран заедно со Пивара Скопје, понуди редок увид во клучните принципи на современата миксологија, значењето на карбонизацијата и еволуцијата на Three Cents – од идеја до светски признат бренд.
“Многу сме горди што ја започнавме нашата нова соработка со Каза Бар, со што го одбележавме лансирањето на првата Three Cents Paloma амбасада во земјата. Ова партнерство претставува клучен чекор во развојот на нашите премиум миксери на еден нов пазар со голем потенцијал. Дводневните настани беа вистинска прослава која постави основа за едно возбудливо заедничко патување што следува.
Длабоко веруваме дека нашите партнери од Каза Бар ќе го предводат Paloma трендот, и уверени сме дека страста и експертизата на локалниот тим ќе ја движат оваа визија напред.
С.Македонија можеби е мала по големина, но е полна со енергија. Има заедница на амбициозни бармени и бар сцена која самоуверено стои рамо до рамо со најпознатите светски сцени,“ вели Василис Калантис, ко-основач на Three Cents.
Преку оваа соработка, Каза уште еднаш ја потврди својата улога како клучен двигател на квалитетната и современа бар сцена во Македонија – место кое не само што нуди врвно коктел искуство, туку активно придонесува за унапредување на индустријата преку соработка, едукација и иновација.