Ненад Стевандиќ претседател на собранието на Република Српска Принтскрин Јутјуб

Бања Лука ќе биде домаќин на Парламентарниот форум на Србија и Република Српска на 17 и 18 септември

Парламентарниот форум на Србија – Република Српска, трет по ред, ќе се одржи на 17 и 18 септември во Бања Лука, се договорија денеска на состанокот на претседателите на парламентите на Србија и Република Српска, Ана Брнабиќ и Ненад Стевандиќ.

Како што јавува Данас, во нивниот разговор во Белград, тие оценија дека постојат „нескршливи врски меѓу Србија и Република Српска кои со текот на времето дополнително ќе се зајакнат“, соопшти канцеларијата на претседателот на српскиот парламент.

Претседателот на Собранието на Република Српска во разговорот оцени дека соработката „никогаш не била подобра“ и покрај, како што рече, сите кризи и инциденти.

Стевандиќ најави дека на 15 септември, заеднички ќе го прослават Денот на српското знаме и дека претседателите на Република Српска и Србија ќе зборуваат на прославата на тој празник.

Тој додаде дека по формирањето на новата влада на Република Српска следната недела ќе се одржи заедничка седница со владата на Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот