
Бала: Новиот претседател на државата ќе го избираме во соработка со новата опозиција во парламентот
Координаторот на парламентарната група и генерален секретар на владејачката Социјалистичка партија, Таулант Бала, изјави дека засега немаат име на кандидат за нов шеф на државата, доколку на 9 јуни биде разрешен актуелниот, Илир Мета.
Препорачано
Тој додаде дека изборот на новиот претседател ќе биде заедно со новата опозиција во Парламентот.
-Нашиот партиски претседател Еди Рама беше многу јасен. Она што е потребно и треба да разбереме е дека Социјалистичката партија не ја започна постапката за разрешување на сегашниот претседател како потреба да има свој претставник во институцијата претседател, туку да ја ослободиме институцијата од заложништво. Постапката за избор на нов претседател бара време и зошто да не биде дел од пакетот за соработка со новата опозиција, која ќе се врати во Собранието на 9 септември. Со опозицијата од новиот законодавен дом, ќе имаме можност заедно да го решиме ова прашања, рече Бала.
Според него добро е запознат со содржината на финалниот извештај доставен од анкетната комисија во кој се утврдени сериозни уставни повреди од страна на претседателот.
-Тоа е многу конзистентен извештај, на околу 100 страници и нормално е дека на пратениците им треба време да го разгледаат. Во врска со ова, координаторите на парламентарните групи се согласивме пленарната седница да се разгледа и да се гласа за извештајот за разрешување на Претседателот да се одржи на 9 јуни, во 10:00 часот. Потсетувам дека Уставот е тој што го одредува текот на оваа седница, рече тој.
На прашањето дали има доверба во Уставниот суд кој го има последниот збор околу разрешувањето на шефот на државата вели дека тоа нема никаква врска со него, ниту со Парламентот.
-Уставот е многу јасен дека Собранието ја завршува својата постапка на 9 јуни и по овој датум Уставниот суд е таа инстиуција, која ќе процени дали повредите утврдени од наша страна се сериозни уставни повреди, кои спаѓаат во одредбите на соодветниот член за разрешување на Претседателот. Нема да дадам никаков коментар, се додека Уставниот суд не донесе одлука, одговори Бала.
За разрешување на претседателот во законодавниот дом потребно е да гласаат две третини од пратениците или 94.Одлуката потоа преминува во Уставниот суд, кој пак треба да се произнесе во рок од три месец.