Бајден: Трамп е закана за демократијата и треба политички да го затвориме

Доналд Трамп треба да биде затворен во политичка смисла затоа што е закана за демократијата изјави претседателот на САД Џо Бајден, на митинг на Демократската партија во државата Њу Хемпшир. Тој ги повика гласачите на претстојните претседателски избори на 5 ноември да ја поддржат Камала Харис.

– Треба да го затвориме. Политички да го заклучиме, да го блокираме, рече Бајден за Трамп.

Според него, републиканскиот кандидат е закана за демократијата, бидејќи постои ризик да ја наруши американската уставност ако победи на изборите против Харис.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот