Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Бајден: Русија употреби хиперсонични проектили, имаат причина за тоа
Претседателот на САД, Џо Бајден потврди дека Русија употребила хиперсонични проектили во Украина.
Препорачано
– Русија штотуку лансираше хиперсонична ракета, изјави Бајден.
Тој додаде дека тоа е оружје што предизвикува огромни последици.
– Има причина за тоа што (Русите) го користат.
Руската армија вчера соопшти дека ќе продолжи да ја користи својата најсовремена хиперсонична ракета за гаѓање исклучително важни цели во Украина.
Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков изјави дека хиперсоничната ракета „Кинжал” „ја докажала својата ефикасност со уништување на добро обезбедени специјални објекти”.
Конашенков истакна дека ракетата „Кинжал” била употребена во петокот при нападот на магацинот за ракети во Делијатин, кога првпат тоа ново оружје беше употребено во борба.
Новата ракета е употребена и во нападот на складиштето за гориво во Костијантиновка, во близина на црноморското пристаниште Миколаев, во текот на викендот.
„Кинжал”, едно од многуте хиперсонични оружја што Русија ги разви во изминатите години, има дострел од 2.000 километри и лета со брзина десет пати поголема од брзината на звукот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5мин
-
18мин
-
30мин
-
54мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5