Џо Бајден / EPA-EFE/OLIVIER HOSLET / POOL

Бајден: Републиканците би сакале да го потиснат и укинат правото на глас

Американскиот претседател Џо Бајден, под притисок на американските лидери за граѓански права, синоќа изјави дека е национален императив да се донесе сеопфатен закон за гласачко право, кој беше запрен во Конгресот поради противење на републиканците, кои, како што рече, сакаат да сузбивање и укинување на избирачкото право.

Според Гласот на Америка, Бајден исто така ги критикуваше републиканците за „големите лаги” за кражбата на изборите во ноември минатата година, на кои го победи Доналд Трамп.

Голем број држави под контрола на републиканците усвоија закони со кои или се ограничува гласањето или се менуваат изборните правила, по тврдењето на Трамп дека претседателските избори во 2020 година биле украдени со помош на манипулации во пребројување на гласовите.

Во говорот во Филаделфија, град кој се смета за родно место на американската нација, Бајден, иако не го спомна неговото име, го нападна Трамп „за лажни обвинувања за изборна кражба”.

– Слушајте ме јасно: во денешна Америка во тек е напад, обид за сузбивање и укинување на правото на глас на слободни и фер избори. Голема лага е само тоа – голема лага, рече Бајден, алудирајќи на недокажаните тврдења на Трамп и неговите приврзаници за изборна кражба, додава Гласот на Америка.

Законот за гласачко право, за кој се залага Бајден, има тежок пат во Конгресот, каде што републиканците во Сенатот успеаја да ги блокираат демократите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!