Џозеф Бајден / Фото: ЕПА

Бајден прогласи состојба на голема катастрофа во Кентаки по смртоносните торнада

Американскиот претседател Џо Бајден прогласи состојба на голема катастрофа во Кентаки, откако во петокот серија смртоносни торнада ја погодија сојузната држава, изјави претставник на администрацијата. Таквата одлука го отвора патот за дополнителна федерална помош.

ВИДЕО: САД погодени од 19 торнада, силното невреме направи огромна штета

Донесување таква одлука вчера официјално побара гувернерот на Кентаки, Енди Бешер.

Гувернерот оцени дека торнадата се најразорните во историјата на државата, наведувајќи дека се уништени и најцврстите згради.

Спасувачките служби во Кентаки вчера ги пребараа урнатините во потрага по преживеани, а властите стравуваат дека повеќе од сто луѓе загинале и предупредуваат дека има мала надеж да се најдат уште преживеани по разорните торнада кои однесоа животи во најмалку пет држави. Најголема штета претрпе гратчето Мејфилд во југозападниот дел на Кентаки, каде живеат 10.000 луѓе – куќи срамнети со земја или оставени без покрив, откорнати огромни дрвја, уништена фабрика, пожарна и полициска станица.

ФОТО | Торнадо го уништи Кентаки: Фотографиите ја прикажуваат суровата реалност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот