
Бајден ги уверува донаторите дека ќе победи на изборите
Американскиот претседател Џо Бајден ги увери донаторите на демократите дека сè уште може да победи на претседателските избори против Доналд Трамп, откако лошиот настап во дебатата ја подгреа загриженоста за неговата кандидатура.
Препорачано
Претседателот (81) присуствуваше на серија настани за собирање средства во Њујорк и Њу Џерси во саботата и го бранеше својот настап во претседателската дебата на Си-Ен-Ен.
„Не ми беше убава ноќ, но не му беше убава ниту на Трамп” призна Бајден. „Ви ветувам дека ќе победиме на овие избори“, рече тој.
Претседателот подоцна рече дека ја разбира загриженоста околу неговиот настап во дебатата во четвртокот, но вети дека ќе се бори посилно.
Демократскиот гувернер на Њу Џерси Фил Марфи присуствуваше на собирањето средства заедно со Бајден и првата дама – и му рече на Бајден дека „сите сме со вас 1.000%“.
Настапот на Бајден на дебатната сцена против поранешниот претседател Доналд Трамп беше обележан со тешко следени и несигурни одговори – што покрена нови прашања кај некои демократи за тоа дали тој е вистинскиот кандидат да се кандидира на овие избори.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
10мин
-
1час
-
1час
-
8час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5