Бајден е виновен за поразот на Харис?

Некои сојузници на потпретседателката на САД Камала Харис го обвинуваат шефот на државата во заминување Џозеф Бајден за нејзиниот пораз на претседателските избори, наведувајќи дека требало порано да се повлече од трката, јавија американски медиуми.

Додека демократите бараат контрола на штетите по изборната победа на републиканецот Доналд Трамп на 5 ноември, некои од сојузниците на Камала Харис велат дека исходот бил „запечатен“ со одлуката на Бајден да остане во трката до летото, и покрај долготрајната загриженост на гласачите за неговото здравје и незадоволство поради високата инфлација и масовниот прилив на мигранти, пренесува Данас.

Неколку неименувани високи демократи, вклучително и тројца советници од изборниот штаб на Камала Харис, изразија длабоко незадоволство што 81-годишниот Бајден претходно не увидел дека не одговара на предизвикот.

Бајден (81) ја заврши својата реизборна кампања во јули, неколку недели откако дебатата со Трамп покрена прашања за неговата способност да биде кредибилен претседателски кандидат.

Сепак, анкетите одамна покажаа дека многу Американци се загрижени за возраста на Бајден. Во август 2023 година, околу 77 отсто од Американците рекоа дека Бајден е премногу стар за да биде ефективен уште четири години, според анкетата на Асошиетед прес-Норк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот