Бранко Азески / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Азески учествува на Евроазискиот самит во Истанбул

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески учествува на Евроазискиот самит што денеска и утре се одржува во Истанбул на тема: „Колаборативен пристап за климатска акција“, во организација на Светската коморска федерација (World Chambers Federation – WCF) и Унијата на комори и стокови берзи на Турција (TOBB).

-Овој клучен настан има за цел да ги обедини највисоките претставници од коморите, деловните лидери, експертите и засегнатите страни од јавниот и приватниот сектор да разговараат за улогата на коморите во поттикнувањето на глобалната економска трансформација и промени, да ги истражат најновите случувања за климатските промени и да ги нагласат проактивните мерки што коморите и бизнисите ги преземаат за справување со климатските ризици, користењето технологии за одржлив развој и циркуларна економија, прашањето за декарбонизација – информира Стопанската комора.

Ќе има можности, додаваат, и за вмрежување со деловни делегации од различни земји во регионот, преку B2B средби.

-На самитот на Светската федерација на комори за Европа и Азија, коморите кои го претставуваат деловниот свет ширум светот ќе ги финализираат своите ставови за климатските промени пред Самитот Б20 и Г20 во Бразил на 24 октомври и самитот COP29 во Баку на 11 ноември, разговарајќи за можностите за нула емисии, климатски технологии и иновации и финансирање на климатските промени – посочуваат од Стопанската комора.

Во рамките на овој Самит, како што нагласуваат, ќе се одржи и првиот состанок на Советот на жени при коморите во рамки на WCF, на кој од Стопанската комора ќе учествува Елена Милевска Штрбевска, претседател на Постојаниот избран суд – Арбитража при Комората.

На настанот е најавено учество на над 700 претставници од стопанските комори и бизнис делегации ширум светот. Со тоа, преку коморското поврзување, бизнисмените од преку 40 комори и држави ќе имаат можност да разменат искуства за најновите предизвици во современото деловно работење и да остварат деловна соработка преку организираните бизнис средби.

Регионалните самити на WCF ги обединуваат членовите на глобалната мрежа на стопанските комори на WCF, со цел глобалните предизвици и можности да се согледаат преку еден поширок регионален објектив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот