
Автобус на ЈСП удри пешак кај Транспортниот центар, лекарите се борат за неговиот живот
Автобус на Јавното Сообраќајно Претпријатие (ЈСП) денеска удрил во повозрасен човек на крстосницата кај Транспортниот центар. Човекот, кој според медиумите имал околу 80 години, е тешко повреден и бил реанимиран, а лекарите и натаму се борат за неговиот живот.
Препорачано
Инцидентот се случил денеска околу 11:45 часот. Телевизијата „Алсат“ објави сведоштва на минувачи, кои велат дека човекот се движел полека потпирајќи се на бастун, зад автобусот, и не забележал дека тој се движи во рикверц. Автобусот го удрил со мала брзина, но повредите со кои се здобил човекот биле тешки. Сведоците велат дека пожарникарите и брзата помош пристигнале многу брзо и го пренеле повредениот во Ургентниот центар.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности кои довеле до оваа несреќа. Се очекува дополнителни информации да бидат објавени по завршување на истрагата.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6мин
-
17мин
-
32мин
-
44мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5