Slovacka granica
Словачка граница/ EPA-EFE/TAMAS VASVARI HUNGARY OUT

Австрија ги затвори помалите гранични премини, а Унгарија распореди војска поради ширењето на епидемијата на фармите

Австрија најавува затворање на малите гранични премини поради епидемија на шап и лигавка во Словачка и Унгарија.

Како што јавија австриските медиуми, премините на кои не е можна постојана контрола ќе бидат затворени, додека главните ќе останат отворени. Дополнително, на отворените премини ќе се спроведат дополнителни мерки, како што е поставување на антиепидемиски тепих.

Властите започнаа програма за следење на ситуацијата, со цел да се избегне ширење на инфекцијата во Австрија. Како дел од таа програма ќе се земаат мостри по случаен избор од фармите. Најавено е дека ќе бидат проверени 660 фарми во Источна Австрија.

Австриската армија испрати единица за помош при катастрофи во Словачка на 26 март. Војниците помагаат во деконтаминацијата на областа и се очекува да останат во Словачка уште две недели.

Унгарија распореди војници и започна нови мерки за дезинфекција за да помогне во спречувањето на појава на шап и лигавка во северозападниот регион што граничи со Словачка и Австрија, изјави вчера унгарскиот министер за земјоделство Иштван Наѓ.

На почетокот на минатиот месец Унгарија по повеќе од 50 години го пријави првиот случај на болеста на сточарска фарма, објави Ројтерс.

Оттогаш, соседна Словачка откри епидемии на пет локации откако ги пријави првите случаи во март. Исто така, ги засили мерките за спречување на ширењето на болеста.

Шап и лигавка не е опасна за луѓето, но предизвикува треска и плускавци во устата на говедата, свињите, овците и козите. Претставува една од најопасните заразни болести на копитарите, вклучувајќи говеда, свињи, овци и кози.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот