Австралија купува 11 фрегати од Јапонија за 6 милијарди долари

Австралија ќе набави 11 фрегати од класата Могами, произведени од јапонската компанија „Мицубиши хеви индастрис“ (МХИ), за 6 милијарди американски долари (5,2 милијарди евра), објави денес австралискиот министер за одбрана Ричард Марлес.

„Ова е очигледно најголемиот договор за одбранбена индустрија досега меѓу Јапонија и Австралија“, рече Марлес за време на прес-конференција во Канбера.

На тендерот, МХИ се натпреваруваше со германската група ThyssenKrupp Marine Systems. Компаниите од Шпанија и Јужна Кореја беа исклучени во претходните фази од процесот.

Австралија започна голема реорганизација на своите вооружени сили во 2023 година, особено за да стекне капацитети за погодување цели со многу поголем дострел и да се спротивстави на растот на кинеската моќ, особено на море.

Фрегатите со ниска видливост Могами, за кои се очекува да влезат во служба на австралиската морнарица до 2030 година, се планира да ги заменат застарените воени бродови од класата Анзак што влегоа во служба во 1990-тите. Тие се способни да лансираат крстосувачки ракети Томахавк со долг дострел.

„Фрегатата од класата Могами е најдобрата фрегата за Австралија“, увери Марлес. „Тоа е брод од нова генерација. Е – стелт (тешко може да се открие со радар). Има систем за вертикално лансирање со 32 ќелии, способен за лансирање ракети со долг дострел“, наведе тој.

„Набавката на овие фрегати ќе ја направи нашата морнарица поголема и посмртоносна“, додаде австралискиот министер за одбрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот