Фото EPA/EFE

Австралија ја евакуира амбасадата во Киев, Морисон ја повика Кина да не молчи за украинската криза

Австралија денеска соопшти дека ја евакуира својата амбасада во Киев бидејќи ситуацијата на руско-украинската граница брзо се влошила, при што премиерот Скот Морисон ја повика Кина да не продолжи да молчи околу кризата, пренесува Ројтерс.

САД и Европа ги засилија своите предупредувања за неизбежен руски напад врз Украина, додека Кремљ, кој се бори за поголемо влијание во Европа по Студената војна, постојано ги отфрла таквите обвинувања.

Персоналот на австралиската амбасада во Киев бил упатен во привремената канцеларија во Лавов, град во западна Украина, на околу 70 километри од границата со Полска, се вели во соопштението на министерката за надворешни работи Марис Пејн.

„Продолжуваме да ги советуваме Австралијците веднаш да ја напуштат Украина со комерцијални средства“, рече Пејн.

Морисон рече дека ситуацијата „доаѓа во многу опасна фаза“ и додаде дека „автократските еднострани дејствија на Русија да се закануваат и да ја малтретираат Украина е нешто што е целосно и крајно неприфатливо“.

Морисон, чија влада има заладени односи со Кина, го повика и Пекинг да зборува за Украина, откако Кина го критикуваше состанокот на министрите за надворешни работи на САД, Австралија, Јапонија и Индија во Мелбурн минатата недела.

„Кинеската влада е среќна што ја критикува Австралија… но сепак таа застрашувачки молчи за руските трупи кои се собираат на украинската граница“, рече Морисон на прес-конференција.

„Коалицијата на автократи што ја гледаме, која сака да ги малтретира другите земји, не е нешто за што Австралија некогаш зазема лесна позиција“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот