Рајан Раут, атентатор на Трамп притнскрин АБЦ Нјуз

Атентаторот на претседателот Трамп се обиде да се избоде во судницата

Рајан Раут, кој е обвинет за обид за атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп, се обиде да се избоде себеси во судницата откако беше прогласен за виновен по сите точки од обвинението.

За време на читањето на судската одлука, Рават (59) се обиде да се самоизбоде во вратот со хемиско пенкало, по што беше насилно изнесен од судницата, објави ABC News.

Пенкалото до кое Рават имал пристап било специјално дизајнирано за да не може да предизвика повреди, па затоа оставило само модринки и траги на вратот, објави ABC, повикувајќи се на неименуван извор.

Ќерката на обвинетиот, Сара Рават, исто така присуствувала на инцидентот.

„Тато, те сакам. Не прави ништо. Ќе те извадам. Тој никого не повредил. Ова не е фер. Сето ова е наместено“, рече таа пред да биде изведена од судницата.

Потоа судијката Ајлин Кенон му дозволи на Рајан Раут да се врати во судницата со лисици и во придружба на маршал.

Му беше кажано дека ќе биде осуден на 18 декември.

Раут се соочува со доживотен затвор откако беше осуден по сите пет точки од обвинението.

Тој беше фатен со пиштол во близина на голф теренот што го играше американскиот претседател Доналд Трамп минатата година.

Раут планирал да го убие Трамп додека американскиот претседател играл голф во Трамп Интернешнл Голф Клуб во Вест Палм Бич, Флорида.
Поротата утврди дека Раут имал намера да го убие Трамп кога го насочил пиштолот низ ограда.

Сепак, тој избегал без да испука куршум откако патролирачки агент на Тајната служба на САД го забележал Раут и отворил оган.

Раут, кој одлучил да се застапува сам на судењето, се изјасни за невин, наведувајќи ја својата „нежна и ненасилна природа“.

Обвинителот Џон Шипли рече дека „овој заговор бил внимателно испланиран и смртно сериозен“, додавајќи дека без брзата интервенција на агентот на Тајната служба, Трамп ќе бил мртов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот