Фото: Град Скопје

Aсфалтирани патеките на булеварот Видое Смилевски Бато

На вкупна должина од 800 м2 вградени се 120 тони асфалтна маса и нивелирани се три канализациони шахти.

Екипи на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ денес завршуваат со асфалтирањето на велосипедската и пешачка патека на булеварот Видое Смилевски Бато спроти маркетот Жито, во општина Аеродром во насока од булеварот Февруарски поход кон булевар Србија, информираат од Град Скопје.

– На вкупна должина од 800м2 вградени се 120 тони асфалтна маса и нивелирани се три канализациони шахти. Во текот на наредните денови ќе биде обележана и хоризонталната сигнализација на патеките и поставена вертикалната сигнализација. Во средината ќе се уредува зелената површина (средишното зеленило) кое e во надлежност на ЈП „Паркови и зеленило“. Во текот на наредниот период на овој потег ќе бидат извршени поврзувања со постоечките патеки. Со завршувањето на изградбата на патеките се овозможува непречено и безбедно движење на граѓаните во овој дел од градот – објаснуваат од Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот