Зинедин Зидан/фото: EPA-EFE/Kiko Huesca

АС објави кога Зинедин Зидан ќе стане селектор на Франција

Зинедин Зидан и француската фудбалска репрезентација повторно се на дофат на соработка. Враќањето на легендарниот француски играч за врска на клупата на „Триколорите“ е сè поверојатно.

Според информациите објавени од новинарот на шпанскиот „АС“ Андрес Онрубија, сè укажува на фактот дека Зидан треба да го наследи Дидие Дешан по Светското првенство во 2026 година.

Филип Дијало, претседателот на Француската фудбалска федерација, даде изјава за „Оуест Франс“ која не остана незабележана:

– Тоа покажува колку е привлечна француската репрезентација, дури и за толку исклучителен играч и тренер каков што беше и сè уште е. Мило ми е што е заинтересиран да им се придружи на „Сините“. Но, како што реков претходно, сè уште постои сегашниот кадар предводен од Дидие Дешан, чиј квалитет и успеси сите добро ги знаеме. Сакам да му овозможам да си ја врши работата во мир, и во квалификациите и на Светското првенство во 2026 година. Од моја страна, ќе се погрижам кога ќе заврши тековниот циклус со француската репрезентација, другата да биде подготвена да ја преземе водечката улога и да одржи високо ниво на перформанси – рече Дијало.

Диало не сакаше да го открие точниот датум кога сè би можело да биде официјално. Тој нагласи дека сака сè да се случи во најдобро време и федерацијата да биде подготвена:

– Сè уште не сум одредил датум на објавување. Работам на тоа да бидам подготвен кога ќе дојде време. И ве уверувам дека федерацијата ќе биде подготвена – се зборовите на Дијало.

Зидан е легендарен играч кој имаше голем успех и како тренер. На клупата на Реал Мадрид, тој освои три последователни титули во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот