Арсовска: Нивелирањето на шахтите е моја гордост, а треба да биде срам за опозицијата

Во мојот мандат нема да рушам ништо, ќе се посветам на модернизирање на Скопје, рече денеска градоначалничката Данела Арсовска.

Таа даде отчет за сработеното за првите 82 дена од мандатот, при што нагласи дека дека сработила повеќе отколку што ветила.

–   Покрај ветувањата коишто биле предвидени во првите 82 дена, реализирани се дополнителни активности коишто се од значење на Скопје и скопјани. По две години повторно е во функција жичницата до врв на Водно. Во првите 82 дена е потпишан нов Колективен договор на ниво на работодавач со репрезентативната Синдикална организација на Град Скопје. Ова не е само чекор кон пoдобрување на работничките права на сите вработени во Град Скопје, туку со него се надминуваат спорните одредби кои во изминатиот период беа и предмет на судски спорови.  Колективниот договор за прв пат ги има вклучено и барањата на вработените во Противпожарната бригада коишто досега беа уредени со Правилник, со што се овозможува правично вреднување на нивниот труд и работа. Со потпишување на Колективниот договор за вработените во градската администрација конечно се унапредуваат правата за кои се залагаа долги години, а претходно со години наназад се немаше слух од градската администрација, рече Арсовска.

Арсовска се пофали и дека од први март ќе биде намалена цената за паркинг.

– Од 01.03.2022 година ќе се намали цената за паркирање на градските паркинзи со што уште едно од барањата на граѓаните е исполнето. Воедно, јавното претпријатие со планираните нови катни и монтажни паркиралишта во Чаир, Аеродром, Центар и Кисела Вода, согласно со програмата во идниот период, ќе овозможи паркирањето во Скопје не само да биде поевтино, туку да биде и подостапно за граѓаните, истакна Арсовска.

Нивелирањето на шахтите е моја гордост, а треба да биде срам за опозицијата, додаде таа.

Поради зголемен број на реакции на граѓани кои пристигнувале до отворената канцеларија на Градот, Град Скопје во соработка со Јавното претпријатие Улици и патишта спроведе акција за нивелирање на шахтите низ булеварите и на  коловозите во надлежност на Градот.

– Досега во првите 82 дена се нивелирани 62 шахти, со цел за подобро одвивање на сообраќајот во Скопје, како и намалување на оштетувањата на возилата на кои алармираат граѓаните, затоа што во минатото не биле соодветно поставени шахтите по должината на коловозите. Оваа активност продолжува, при што редовна пракса ќе биде повеќе да нема неквалитетно изведени шахти на коловози при градба или реконструкција. Нивелирањето на шахтите беше прашање на потсмев од страна на опозицијата, но тоа е моја гордост а треба да биде нивен срам што за пет години не нивелираа ниту една шахта, рече Арсовска.

Таа потенцираше и дека се вратени бројчаниците на семафорите и зелените бранови.

-Ветивме дека ќе ги вратиме одбројувачите на семафорите и дека ќе ги вратиме функционалните зелени бранови, тоа и го направивме. Исполнето е ветувањето за поставување на бројчаници на семафорите, на крстосниците каде што  не се следи движењето од ЦУКС. Поставени се бројчаници на булеварот Христијан Тодоровски Карпош на семафорот на крстосницата со Натанаил Кучевишки, на крстосницата со Боца Иванова и на крстосницата со бул. Босна и Херцеговина, а одбројувачи ќе бидат поставени дополнително и на семафори за кои е детектирано дека се од важност за регулирање – рече градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која денеска на прес-конференција презентираше активности реализирани во првите 82 дена од мандатот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!