Данела Арсовска / фото: Град Скопје

Арсовска го разреши и директорот на „Улици и патишта“, Ванчо Умлевски

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска го разреши директорот на Улици и Патишта, Ванчо Умлевски. Засега не се познати причините за неговото разрешување.

Умлевски беше на функцијата пет месеци.

Арсовска во трите години од нејзиниот мандат досега разреши над 30 директори на јавни претпријатија и тројца секретари, кои самата ги постави на тие функции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот