Фото: Фејсбук профил на Данела Арсовска

Арсовска: Амбасадорке Агелер, наместо на ВИП листа, овие двајца треба да ви се на „црната листа“

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска утрово напиша објава која ја адресираше за американската амбасадорка Анџела П. Агелер, и ја праша дали се чувствува незгодно поради тоа што Висар Ганиу и Изет Меџити, како што вели, наместо да се најдат на „црната листа“ на санкции, тие биле на ВИП листата за вчерашната прослава на Денот на независноста на САД.

„Добро утро Амбасадорке Агелер, среќен нека е денот на независноста на САД. Само да прашам, не ви е малку незгодно во листата на ВИП гости вчера што ви беа лица кои треба да ви се на црна листа на санкции.

Овие двајцава незгодно насмеани на фотографијава, за кои имаат институциите цврсти докази за криминал во најмалку 152 случаи и за кои се спроведуваат сериозни истраги во моментов, наместо да ви се на црна листа на санкции на САД насочени против поединци и бизниси вклучени во корупција и нарушување на човековите права, ви беа во прв ред во Амбасада вчера“, напиша градоначалничката.

Таа додаде дека на листата на санкции низ годините се наоѓале личности со индиции и наводи за корупција и поткопување на демократските процеси како политичари, поранешни премиери и министри, градоначалници, судии, а за гореспоменатите двајца таа истакна дека има непобитни докази, а не наводи за криминал и корупција, со што според неа нивното место е токму на „црната листа“ на САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот