Џони Деп и Арми Хамер - Фото: EPA/FRANCK ROBICHON

Арми Хамер призна дека еднаш го „опуштил“ Џони Деп со марихуана: „Ни забранија да се дружиме“

Холивудските промотивни турнеи можат да бидат хаотични сами по себе, но според Арми Хамер, една особено излегла од контрола.

Актерот неодамна сподели анегдота за тоа како му било забрането да учествува во промотивни активности со Џони Деп, веројатно за филмот на Дизни „Осамениот ренџер“, откако заедно со ѕвездата од „Пиратите од Карибите“ пушеле марихуана пред прес-конференција, пишува „Пипл“.

Во една епизода од неговиот подкаст „Armie HammerTime“ кон крајот на јули, актерот разговарал со својот асистент и водител Ештон Ремзи за „најголемата неволја“ во која некогаш се заплеткал на снимањето. Потоа Ремзи ја започна приказната:

„Најголемата неволја во која си западнал беше кога практично го издрогира Џони Деп пред прес-конференција.“

Хамер ја потврди приказната и ги опиша непосредните последици од инцидентот:

„Никогаш повеќе не ми дозволија да се дружам со Џони на турнеја. Секогаш нè држеа разделени. Не ни дозволуваа да даваме изјави за медиумите заедно. Рекоа: Вие двајца повеќе не можете да се дружите“, рече актерот.

Иако Хамер не ја објасни реакцијата на Деп, не е тешко да се види дека студиото сакало нивните главни актери да бидат трезни за прес-конференцијата. Актерот не го именувал директно проектот, но временската рамка и споменувањето на Деп силно укажуваат на филмот „Осамениот ренџер“ од 2013 година.

Тој се присети дека во тоа време „пушел до 15 до 20 џоинти дневно“ и често ги охрабрувал другите да му се придружат.

„Обожавав да пушам марихуана со луѓе до тој степен што тие ќе речеа: „Толку сум дрогиран што не можам да стојам на нозе““, призна тој.

Ова не е првпат Арми Хамер да го поврзуваат со контроверзии, од обвинувањата за канибалистички фантазии до обвинувања за сексуален напад што никогаш не доведоа до судење. Актерот отворено зборуваше за овие гласини, како и за своите болни искуства со злоупотреба во детството.

Џони Деп се сели на село: Ова е причината зошто го замени Холивуд со тишината на руралниот Сасекс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот