
Арганово масло е идеално решение за нега на вашата кожа и коса
Аргановото масло честопати се нарекува „течно злато“ кое се прави од јадрото на плодот на дрвото арган што расте во Марoко.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Тоа масло е исклучително богато со корисни хранливи состојки, вклучувајќи масни киселини и витамин Е, па затоа листата на неговите придобивки за кожата и косата е навистина долга.
Аргановото масло има моќен ефект против стареењето бидејќи ја намалува видливоста на брчките и ѝ дава на кожата младешки сјај и изглед. Ја враќа еластичноста на кожата давајќи ѝ чувство на мекост.
Поради високите нивоа на витамин Е и масни киселини, аргановото масло природно ја хидрира кожата. Можете да го нанесувате на целото тело, лице и врат. Нанесете неколку капки и нежно тријте во кружни движења. Ако го користите како дневна нега за вашето лице, најдобро е прво да се нанесе соодветен хидролат и потоа да го нанесете маслото додека не се исушила кожата.
Антиоксидансите од ова масло можат да помогнат при иритирана, испукана и оштетена кожа, па дури и при изгореници. За сува и чувствителна кожа, се препорачува како превенција, за да се намали воспалението, да се ублажи болката и да се поттикне заздравување на кожата.
Витаминот Е и масните киселини се одлични за санација на оштетената кожа, а истите хранливи состојки можат да спречат понатамошна сувост и иритација.
Аргановото масло може да спречи појава на стрии и лузни кај бремените жени затоа што ја зголемува еластичноста на кожата благодарение на витаминот Е. Редовното нанесување неколку капки масло на градите, стомакот, задникот и бутовите за време на бременоста, ќе ја намали веројатноста за појава на стрии.
Аргановото масло воедно ефикасно ја обновува косата, правејќи ја помека, свиленкаста и посјајна. Одлично е и како регенератор бидејќи помага да се расплетка заплетканата коса и да се скроти наелектризираната коса.