Фото: EPA-EFE/Noemi Bruzak

Арапите во Будимпешта градат „мал Дубаи“ со бројни погодности, инвеститорот е познато име и во регионот

Мохамед Алабар, бизнисмен од Обединетите Арапски Емирати и сопственик на бројни имоти во регионот, најави нова голема инвестиција која треба целосно да промени делови од Будимпешта. Имено, групацијата Игл Хилс, зад која стои Алабар, потпиша договор со Унгарија за купопродажба на недвижен имот и подготовка на проект наречен „Гранд Будимпешта“.

„Инспириран од богатото културно наследство на Будимпешта, развојот има за цел да ги почитува традициите на градот додека воведува модерни елементи кои дополнително го подобруваат карактерот на градот. Планираниот развој од 100 хектари ќе создаде 35-40 хектари паркови и „живи“ јавни простори. Овој развој не само што ќе го обнови заборавениот историски дел на Будимпешта, туку ќе ја направи и глобален репер за човековата благосостојба, одржливост и урбан живот“, велат тие, објави Кликс.ба. Како што истакнуваат, за овој проект ја добиле поддршката од Орбан.

„Со развојни трошоци од над 12 милијарди евра, Гранд Будимпешта ја зајакнува унгарската економија обезбедувајќи околу два отсто раст на БДП. Ќе отвори илјадници работни места за време на изградбата и работењето, ќе ги поддржи локалните бизниси и ќе ги зголеми вредностите на туризмот и недвижностите. Овој развој има за цел да го редефинира урбаниот живот со комбинирање на одржливост и модерен дизајн за да создаде подобро животно искуство, развој и визија за подобра, попросперитетна Унгарија и да создаде наследство што ќе ги инспирира генерациите што доаѓаат“, заклучуваат тие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот