Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Апсолутна доминација на три ултра популарни серии на годинешните Еми награди, јапонската драма доби дури 18 награди

Најголемата телевизиска ноќ во годината е зад нас – Еми наградите! Во неделата вечерта во Лос Анџелес се одржа доделувањето на престижните Еми награди, а најголемото изненадување на вечерта беше серијата „Hacks“ која ја надмина хумористичната серија „The Bear“, која сепак го собори сопствениот рекорд со освојување на 11 награди, што е најголем број на Еми, кои ги добила хумористична серија во една година.

Кога станува збор за категоријата драмски серии, историскиот јапонски еп „Shōgun“ заснован на романот на Џејмс Клавел, влезе во историјата со 18 освоени Еми награди, вклучувајќи ја и онаа за најдобра драмска серија.

Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Голем успех освои и хиперпопуларната серија „Baby Reindeer“ , британска мрачна драма за шанкерот и комичар Дони Дан, кој го следи ексцентрична жена што ја запознал во пабот каде што работи. Покрај тоа што беше прогласен за најдобра серија во една сезона, креаторот на серијата Ричард Гад ги освои и наградите за најдобар писател и најдобар актер во серија во една сезона. А Џесика Ганинг, жената која го демне ликот на Гад во серијата, освои актерска награда.

Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Еве ја листата на сите добитници на Еми за 2024 година:

Најдобра хумористична серија
„Hacks“

Најдобра драмска серија
„Slow Horses“

Најдобра серија со една сезона
„Baby Reindeer“

Најдобра актерка во серија од една сезона/ТВ филм
Џоди Фостер во „True Detective: Night Country“

Најдобар актер во серија со една сезона/ТВ филм
Ричард Гад во „Baby Reindeer“

Најдобра споредна женска улога во серија од една сезона/ТВ филм
Џесика Ганинг во „Baby Reindeer“

Најдобра споредна машка улога во серија од една сезона/ТВ филм
Ламорн Морис во „Fargo“

Најдобра женска главна улога во драмска серија
Ана Саваи во „Shōgun“

Најдобра машка главна улога во драмска серија
Хиројуки Санада во „Shōgun“

Најдобра споредна женска улога во драмска серија
Елизабет Дебицки во „The Crown“

Најдобра споредна машка улога во драмска серија
Били Крудуп во „The Morning Show“

Најдобра главна женска улога во хумористична серија
Џин Смарт во „Hacks“

Најдобар главен актер во хумористична серија
Џереми Алан Вајт во „The Bear“

Најдобра споредна женска улога во хумористична серија
Лиза Колон-Зајас во „The Bear“

Најдобра споредна машка улога во хумористична серија
Ебон Мос-Бахрач во „The Bear“

Најдобар ТВ филм
„Quiz Lady“

Гостин актер во драмска серија
Нестор Карбонел во „Shōgun“

Гостинка актерка во драмска серија
Микаела Коел во „Mr. & Mrs. Smith“

Гостин актер во хумористична серија
Џон Бернтал во „The Bear“

Гостинка актерка во хумористична серија
Џејми Ли Кертис во „The Bear“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот