
Апокалиптични прогнози на самопрогласениот патник низ времето: „Доаѓа крајот на човештвото, Голијат ќе уништи сè“
Разорно торнадо, најсилно во историјата, широко дури 28 километри, го уништува Тексас. Неговата брзина се зголемува до 700 километри на час, станува познат како Голијат, тврди овој самопрогласен патник низ времето…
Препорачано
„Јас сум патник низ времето од 2671 година. Ерата на човештвото ќе заврши“, тврди корисникот на ТикТок, Енио Аларик, кој собра повеќе од седум милиони допаѓања и еден милион следбеници со своите апокалиптични прогнози, пишува 24sata.hr.
Овој самопрогласен патник низ времето секојдневно објавува морничави прогнози за иднината, повеќето од неговите следбеници пишуваат дека воопшто не му веруваат, но постојано се враќаат бидејќи, како што велат, ваквата содржина ги забавува. Сепак, има некои, кои се навистина ретки, кои ги загрижиле овие „пророштва“…
Еве што најави Аларик, кој тврди дека пристигнал на околу 650 години од иднината, за 2025 година.
– Околу Земјата ќе почне да расте „школка“. Нашиот свет бега во подземјето. На површината почнува да владее нов екосистем. Ова се случувало и порано, ова го означува крајот на човештвото – вели овој самопрогласен патник низ времето…
А после „школката“ следуваат торнада и астероиди. Како и во филмовите, тие се „фокусирани“ речиси исклучиво на САД…
– Разорно торнадо, најсилното во историјата, широко дури 28 километри, го уништува Тексас. Брзината му се зголемува на 700 км на час, станува познат како Голијат – вели Аларик и продолжува:
– Голем астероид се појавува од никаде. Се движи кон Централна Америка. Неговиот удар ќе остави кратер широк 500 километри…
– Земјотрес со јачина од 9,9 степени според Рихтеровата скала ќе уништи бројни градови во САД. А после тоа ќе следува разорно цунами високо речиси 400 метри, кое уништува се пред себе – тврди овој „патник низ времето“, кој на крајот вели:
– Крајот на годината ќе биде одбележан со огромна ледена бура. Милиони ќе бидат погребани во своите домови. Ледената бура ќе трае дури шест недели.
@radianttimetraveler 2025 is worse than 2024… #fyp #timetravel #timetraveler #radianttime #xyzbca #viral #entertainment