
Апелација пак го осуди Васил Јованов на три години и 10 месеци затвор за дрога
Апелациониот суд пак го осуди Васил Јованов, возачот кој ја прегази младата Фросина Кулакова на три години и десет години затвор за поседување и трговија со дрога, откако Врховниот суд ја укина претходната пресуда и го врати случајот на повторно судење. Одлуката била донесена на јавна седница одржана на ден 11.06.2025 година.
Препорачано
-Решението на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1439/24 од 31.07.2024 година, го преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција – изречената заводска мерка Упатување во воспитно-поправен дом на начин што за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од 1-една година и за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 в.в член 22 од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од 3-три години и согласно член 44 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, СЕ ОСУДУВА на единствена казна затвор во траење од 3– три години и 10-десет месеци – соопшти Апелација.
Апелациониот суд Скопје во февруари годинава ја одби како неоснована жалбата на Васил Јованов за претходното дело, а жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја уважи и го преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција – изречената заводска мерка Упатување во воспитно-поправен дом и се осудува на единствена казна затвор во траење од три години и десет месеци, но Врховниот суд на 7 мај ја укина пресудата од 3 години и 10 месеци затвор во второстепената постапка и случајот го врати на повторно судење.
Во мај Јованов беше осуден на 12 години затвор за прегазувањето на младата Кулакова на пешачки премин на „Партизанска“, несреќа што се случи во јануари и после која имаше протести.