Димитар Апасиев / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Апасиев: Владата сака да ја оштети Левица за 400.000 евра и да ѝ забрани пристап до националните медиуми

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, најави тужби против Советот на АВМУ и побара од Уставниот суд со временска мерка да го стопира, како што вели, недемократското упатство за рекламирање што удира врз парламентаризмот и плурализмот.

Пратеникот и лидер на партијата Левица, Димитар Апасиев, обвини дека Владата заедно со АВМУ, преку спорно толкување на Изборниот законик и ново упатство за рекламирање, подготвува удар врз Левица со кој партијата ќе остане без околу 400.000 евра и без пристап до националните медиуми пред изборите.

Апасиев најави тужби и побара Уставниот суд итно да реагира со времена мерка.

„Хибридниот вмроиден режим, директно по директива на премиерот Мицика, во дослух со вечниот директор на АВМУ (подлизуркото Зоран Трајчевски), за утре го планира финалниот удар против Левица за овие избори. Имено, гледајќи го порастот на анкетите и не можејќи да смислат соодветен противотров – сакаат илегално, преку ‘креативно толкување’ на Изборниот законик, со Упатство за рекламирање, да ја оштетат Левица за приближно 350.000 до 400.000 евра. Со ова не само што ќе ни ги ускратат парите за платено политичко рекламирање, кои по закон ни следуваат, туку и ефективно ќе ни забранат пристап до портали, национални телевизии и медиуми (дури и кога би сакале самите да си платиме)“, објави Апасиев на социјалните мрежи.

За ова ќе следуваат низа тужби и кривични пријави против членовите на Советот на АВМУ, додава тој, „но јавно го повикуваме Уставниот суд со временска мерка, донесена по службена должност, да ја суспендира примената на ова драконско и контроверзно упатство, како смислен недемократски удар врз парламентаризмот и плурализмот, кои се уставна категорија.

„Колку за илустрација – на пример, на Моника Зајкова од ЛДП (со 1 пратеник) би ѝ следувале околу 300.000 евра за реклами на ТВ, а на Левица (со 6 пратеника) – би ѝ следувале нула евра + банирање на која било телевизија! За ова, некој ептен дебело ќе го крка“, вели лидерот на Левица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот