epa08363068 Hugo, 5 years old, locks himself in his mother's car as he is unhappy about not being able to go see his friends after a month of lockdown, in Namur, Belgium, 14 April 2020. In order to contain the spread of coronavirus, Belgium is implementing confinement guidelines for the public which is scheduled to be in place until 19 April 2020. Only supermarkets and essential trade will remain open. EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Анкета: Американците никогаш не биле понесреќни отколку сега

Речиси двојно повеќе Американци изјавиле дека се осамени во споредба со 2018 година, што не е изнедување поради воведените мерки поради пандемијата со Ковид-19.

Резултатите од истражувањето на Универзитетот во Чикаго покажува дека луѓето во САД се најнесреќни во последните 50 години.

Само 14 отсто од анкетираните Американци изјавиле дека се многу среќни, додека нивнииот процентво 2018 година изнесувал 31.

На прашањето дали често или понекогаш се почувствувале изолирано во последните неколку недели, 50 отсто од испитаниците позитивно одговориле, додека пред две години таков одговор дале 23 проценти од анкетираните.

Истражувањето се спроведува секоја втора година од 1972 година, а годинава е реализирано кон крајот на мај. Процентот на луѓето кои се изјасниле како многу среќни никогаш не било под 29 отсто.

Анкетата покажува дека Американците се помалку оптимистични во поглед на подобрување на животниот стандард за новите генерации отколку што бил пред 25 години. Само 42 проценти од Американците изјавиле дека веруваат дека животниот стандард ќе биде подобар за нивните деца кога ќе бидат на нивни години, додека во 2018 година таков одговор дале 57 отсто од испитаниците.

Речиси двојно повеќе Американци изјавиле дека се осамени во споредба со 2018 година, што не е изнедување поради воведените мерки поради пандемијата со Ковид-19.

Во споредба со резултатите од пред две години, исто така речиси е двојно зголем процентот на Американци кои понекогаш или често почувствуваче недостиг од дружење (45 наспроти 27 проценти) и оти се чувствувале запоставени во последните четири недели (37 наспроти 18 отсто).

Поголемиот број од анкетираните се испитани пред смртта на Џорџ Флојд, што доведе до протести ширум САД и до глобална дискусија за расизмот и полициската бруталност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот