
Ангеловски: Само си ја „переме“ совеста, а знаеме дека помошта во Сирија нема да стаса
Советот на Град Скопје на денешната вонредна седница едногласно донесе одлука за давање помош на настраданите од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија во вкупен износ од 6 милиони денари, односно по 3 милиони денари за секоја држава. Помошта ќе се реализира преку уплата на средствата на Фондот на солидарноста на Црвениот крст .
Препорачано
Советниците на седницата изразија искрено жалење за катастрофата која му се случи на населението во овие земји и сочувство за настраданите.
Страшо Ангеловски, советник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, рече дека со одлуката која ќе се изгласа само ќе се испере сопствената совест, затоа што сите знаат дека помошта во Сирија нема да стаса.
За жал средствата во Сирија нема да стасаат, затоа што сѐ уште ништо нема во Сирија стасано, свифтот е забранет, односно пари не можат да стигнат, а тоа е заради санкциите и заради рестриктивните мерки на евроатланските партнери и нивните вредности кон кои се стремиме. Секако дека ќе го изгласаме, јас ќе бидам прв кој ќе гласа за ова, но дајте да се заложиме тие и такви вредности да не важат барем во време кога народите страдаат, без разлика дали припаѓаат на сирискиот, на францускиот, на овој или на оној народ. Луѓето се луѓе – рече Ангеловски
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
25мин
-
33мин
-
50мин
-
55мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5