
Ангеловски мотивиран пред Висла: Со позитивна атмосфера да продолжиме во ист стил
Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер утре го чека нов натпревар од Лигата на шампионите и тоа на гости против Висла Плоцк.
Препорачано
Битолскиот состав во овој натпревар влегува мотивиран по бодот кој минатата недела го освои против Спортинг на домашен терен. Пред тоа реми „пелистерци“ беа во серија од четири порази сезонава.
„Одиме на гости кај екипа која е подобра и по пласманот на табелата во Лигата на шампионите. Висла има четири порази, минимални се но е одлична екипа што игра по шпански систем со многу репрезентативци. Пред неколку дена го победија и Киелца. Тие се далеку подобар тим отколку што покажаа во четирите натпревари досега. Ова покажува дека ќе треба добро да се потрудиме и да се вратиме со бодови од Полска. Зад нас е позитивна недела, одигравме одличен натпревар во ЛШ и добар натпревар во првенството. Со позитивна атмосфера да продолжиме во ист стил“, изјави Ангеловски.
Во овој момент Пелистер има еден бод и се наоѓа на шестата позиција во групата А, Висла и Фредерица се без бодови.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
12мин
-
13мин
-
17мин
-
29мин
-
42мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5