Македонија ги дозна ривалите во квалификациите за ЕП 2024/фото: ФФМ

Ангеловски го објави списокот на играчи за почетокот на мундијалските квалификации

Селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери за претстојните три натпревари против Романија (25. март, Букурешт), Лихтенштајн (28. март, Скопје) и Германија (31. март, Дуизбург) од квалификациите за Светското првенство 2022.

На списокот на селекторот Игор Ангеловски се наоѓаат 26 фудбалери.

ГОЛМАНИ: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар), Мартин Богатинов (Етникос Ахна, Кипар), Ристе Јанков (Работнички);

ОДБРАНА: Стефан Ристовски (Динамо Загреб, Хрватска), Висар Муслиу (Фехервар, Унгарија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Кире Ристевски (Ујпешт, Унгарија), Дарко Велковски (Ријека, Хрватска), Езѓан Алиоски (Лидс Јунајтед, Англија), Ѓоко Зајков (Шарлроа, Белгија);

СРЕДЕН РЕД: Енис Барди (Леванте, Шпанија), Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Бобан Николов (Лече, Италија), Стефан Спировски (АЕК Ларнака, Кипар), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Тихомир Костадинов (Ружомберок, Словачка), Даниел Аврамовски (Кајзериспор, Турција), Марјан Радески (Академија Пандев), Ферхан Хасани (Партизани, Албанија);

НАПАД: Горан Пандев (Џенова, Италија), Иван Тричковски (АЕК Ларнака, Кипар), Илија Несторовски (Удинезе, Италија), Александар Трајковски (Мајорка, Шпанија), Крсте Велкоски (Сараево, БиХ), Влатко Стојановски (Шамбли, Франција);

Подготовките за почетокот на квалификациите за Светското првенство, нашата репрезентација ги започнува на 22. март во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот