Фото: МОК

Ангел Петрушев по одличниот успех на Европското првенство е нов стипендист на МОК

По освоеното 6-то место на Европското првенство во кајак (диви води), Ангел Петрушев денес беше примен од страна на претседателот на МОК, Даниел Димевски кој му го честиташе овој извонреден успех на најдобриот македонски кајакар во последните години.

На оваа средба беше договорено Ангел Петрушев да биде стипендист на МОК, во периодот 2024-2028 и да биде дел од Олимписките планови и програми на МОК за периодот 2024-2032.

Претседателот на Кајакарската федерација на Македонија, Дрилон Леши се заблагодари за сета досегашна поддршка на МОК во однос на кајакот, спорт кој е подржуван од страна на МОК од самото постоење на КФМ.

Заклучок на сите е дека пред Ангел доаѓа време во кое тој ќе покаже и докаже дека македонскиот кајак е во самиот Европски и светски врв и дека во нашите заеднички планови тој секако се наоѓа заслужено, знаејќи дека неговото најдобро допрва предстои.

Одличен успех: Ангелче Петрушев го освои шестото место на ЕП во кајак на диви води

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот