
Анџелина Џоли даде редок коментар за мајчинството: Тоа е мојата среќа, сѐ друго можеш да ми одземеш
Актерката Анџелина Џоли пред неколку месеци го претстави новиот филм „Марија“ во кој ја толкува улогата на Марија Калас, една од највлијателните оперски пејачки на сите времиња.
Препорачано
Во интервјуто што го даде во емисијата „Добро утро Америка“, таа откри дали има нешто во нејзиниот живот што може да се спореди со љубовта на Марија кон пеењето.
„Мајчинството. Тоа е мојата среќа. Сè друго можеш да ми одземеш. Ништо друго не е важно“, рекла актерката.
Џоли има шест деца со поранешниот сопруг Бред Пит – Медокс, Пакс, Захара, Шајло и близнаците Нокс и Вивиен. Нејзините два постари сина, Медокс и Пакс, работеа со неа на „Марија“, што таа го опиша како „неверојатно искуство“. Таа соработуваше и со нејзината ќерка Вивиен на претстава на Бродвеј.
Сепак, иако и двајцата родители се навикнати на слава и немаат проблем да се појават на малите екрани, Џоли вели дека ниту едно од нејзините деца не сака да биде пред камерите. Причината за тоа е што тие се прославија уште од мали нозе поради славните родители и нивниот брак.
„Тие се исклучително повлечени. Тие не се родени со приватност. Па се надевам дека ќе ја имаат тоа кога ќе пораснат“, изјавила актерката.
Иако нејзините деца водат прилично приватен живот, тие често се појавуваат на црвениот тепих со својата мајка. Нокс, кој се појави на црвениот тепих за првпат по три години.
Инаку, Бред е отуѓен од своите деца уште откако Анџелина поднесе барање за развод во 2016 година. Повеќето од нив се дистанцираа од него, а некои решија да го сменат презимето и да се откажат од татковското.
Бред Пит го доби спорот со Анџелина Џоли за винаријата: Судијата ги одби трите жалби на актерката