фото: EPA-EFE/NOUSHAD THEKKAYIL

Андреј Рубљов со одличен трет сет до пехарот во Доха

Рускиот тенисер Андреј Рубљов ја освои титулата на турнирот во Доха, Катар, откако во финалето го совлада Британецот Џек Дрејпер со 7:5, 5:7, 6:1 по три сета.

Рубљев, 10. тенисер во светот, по два часа и шест минути оствари победа над 16. рангираниот на АТП листата, Дрејпер.

Русинот поведе со брејк во 12. гем од првиот сет, а израмни Дрејпер со брејк во 11. гем од вториот сет.

Во решавачкиот сет Рубљев беше убедлив и ја обезбеди титулата со брејкови во вториот и четвртиот гем.

Ова е 17-та титула за рускиот тенисер во кариерата, а прва сезонава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот