фото: EPA-EFE/Tibor Illyes

Андреа Лекиќ ја завршува големата ракометна кариера

Андреа Лекиќ, некогаш најдобрата ракометарка во светот, се збогува со ракометот на 38-годишна возраст.

Српската ракометарка со месеци најавуваше дека ќе ја заврши играчката кариера:

– Полека се ближи крајот на моите 26 години трчање по топката. Затоа чувствувам потреба да ја споделам веста со сите вас дека ова е мојата последна професионална сезона во кариерата – се зборовите на Лекиќ.

Во 2013 година, Лекиќ беше признаена за најдобра ракометарка во светот. Во својата кариера, таа со најдобрата српска репрезентација освои сребрен медал на СП 2013. Истата година, на клупски план таа ја освои и Лигата на шампионите со унгарскиот Ѓер.

Беше блиску и со ЖРК Вардар да стигне до титулата во ЛШ, со скопските „црвено-црни“ стигнуваше двапати до финалето во 2018 и 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот