Стефан Андоновски / Фото: "Слободен Печат" / Методиј Здравев

Андоновски ја промовираше „m.Uslugi“: Нова апликација лесна за симнување, која ќе ги складира сите важни документи на граѓаните

На Дигиталниот самит на Западен Балкан, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ја претстави новата национална суперапликација „m.Uslugi“, нарекувајќи ја „револуција на умот и дејствувањето“.

Toj рече дека апликацијата ќе ги содржи сите услуги кои државата ги нуди на граѓаните, со можност за складирање на електронски документи, најкористени услуги, потсетник за истекување на рокови и електронско сандаче.

„Ова е една апликација што ја носи државата на дланка – една апликација за сите важни документи, една апликација за сѐ. m.Uslugi е новата и единствена суперапликација, едноставна за симнување, прелистување, зачленување и користење. Апликацијата m.Uslugi ќе овозможи граѓаните да ги имаат своите најважни документи меѓу кои и личната карта, директно на својот мобилен телефон, со целосна безбедност и контрола врз сопствените податоци. Преку ултрабезбеден QR-код се овозможува споделување информации без ризик, со користење на енкрипција со највисоки безбедносни стандарди“, рече Андоновски.

Премиерот Христијан Мицкоски, во своето обраќање на самитот, ја истакна важноста на апликацијата m.Uslugi за иднината на дигиталната трансформација на земјава и додаде дека „е почеток на дигитална револуција што ќе ја промени државата од корен“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот