фото: kfsm.mk

Андоноски: Добиваме шанса за да се покажеме и во сениорскиот тим

Долго време Андреј Андоноски ја чекаше својата шанса во МЗТ Скопје Аеродром. Се чини ја доби кога требаше, во финишот на сезоната, а дојде со промената на тренерот во нов-стариот шампион на Македонија.

Добрите игри пак му донесоа и повик на младиот крилен играч за присуство на подготовките на македонската кошаркарска сениорска репрезентација ова лето, и место во оние „последни 12“ кои овој викенд ќе бидат на „контролите“ во Белград, односно пријателските натпревари (5 и 6 август) против селекцијата на Полска.

– Добиваме шанса за да се покажеме и во сениорскиот тим. Во оваа екипа има, како искусни, така и млади играчи кои што сме желни да се покажеме. И дека доколку добиеме шанса, можеме да направиме успех – вели Андоноски.

Во подготовките му прават уште некои млади играчи од неговата генерација (2002 година), како Марко Миловановиќ, но и нешто „помладите“ Петар Бошалески и Теодор Симиќ.

– Повеќето од нас добро се знаеме. Имаме играно и во некои претходни циклуси од прет-квалификациите. И дека овој период е доволен за да се соединиме. Имаме и некој нов план кој што треба да ни донесе успех – рече младиот крилен играч во нашата најдобра селекција.

Андреј Маслинко: Ќе одиме на победа на секој натпревар во Талин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!