
Андон Чибишев нов директор на Токсикологија а Фатмир Меџити на Неврологија, потврди Таравари
Министерот за здравство Арбен Таравари го постави за нов медицински директор професор доктор Андон Чибишев, а ја разреши економската директорка Бесија Иљази. Според Таравари, службите на Министерството за здравство констатирале неправилности во работата на Иљази, а целта е полека но сигурно економските директори да не постојат како функција на Клинички центар.
Препорачано
Таравари ќе предложи нов закон за здравствена заштита со кој ќе има само еден директор и ќе се спои Клинички центар во една организациска единица.
Разрешени се девет економски директори, а министерот за нов директор на Клиниката за неврологија го постави поранешниот министер за здравство доктор Фатмир Меџити.
Утре ќе биде назначен нов медицински директор и на Клиниката за онкологија бидејќи на досегашната медицинска директорка доктор Виолета Клисаровска ѝ е поминато решението.
-Професорот Андон Чибишев ќе биде новиот директор на Токсикологија. Се надевам дека утре ќе назначиме и директор на Онкологија, бидејќи таму решението за в.д директорката е поминато кон средината на јуни, така што утре ќе назначам нов директор на Онкологија.
На неврологија има нов директор, тоа е поранешниот министер за здравство Фатмир Меџити, истакна Таравари.
Министерот Таравари ќе покрене иницијатива и здравствените домови и болниците во внатрешноста каде има и општа болница и здравствен дом, да бидат споени во една установа која ќе се нарекува „општа болница“ а неа ќе ја раководи само еден директор.