фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Анчелоти објасни зошто Нејмар не беше повикан во репрезентацијата на Бразил

Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Карло Анчелоти, истакна дека отсуството на напаѓачот на Сантос, Нејмар, од репрезентацијата се должи на техничка одлука.

– Тоа е техничка одлука, не е диктирана од физичките проблеми на играчот. Тоа е одлука заснована на неколку фактори. Никој не може да го оспори талентот на Нејмар, но пред сè ја проценуваме неговата физичка состојба и состојбата на другите играчи. Конкуренцијата е огромна: имаме најмалку 70 играчи кои можат да се борат за место во националниот тим.

Сакаме да бидеме интензивни, сигурни во одбраната и брзи во поседот на топката. Балансот е од суштинско значење. Веќе имам во предвид кандидати за Светското првенство во 2026 година. Најголемата грешка би била да се избере тим од 25 луѓе. Постои квалитет, но најважно е силата на тимот. Бразил не освоил Светско првенство 24 години. Одговорноста е огромна, но мотивацијата на целата земја исто така може да биде важна – рече Анчелоти.

Бразилската репрезентација веќе обезбеди место на Светското првенство во 2026 година што ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Во септември, Бразилците ќе играат против Чиле и Боливија во последните натпревари од квалификацискиот турнир. Натпреварите ќе се одржат на 9 и 14 септември, соодветно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!