АНАЛИЗА НА ПОРАНЕШЕН АГЕНТ НА ЦИА: Сѐ е како пред Првата светска војна, нема правила, прашање е кој ПРВ ЌЕ УДРИ!

Американско-руските односи дојдоа на опасна граница и во момент кога сѐ потешко се спречуваат потенцијалните конфликти, неопходно е овие две земји да воспостават канали за комуникација, смета потпретседателот на Центарот за национални интереси во Вашингтон и поранешен главен аналитирчар на ЦИА за Русија, Џорџ Биби.

И покрај тоа што извештајот на специјалниот обвинител Роберт Малер за „рускиот случај“ ги отфрли сомневањата во „заверата на Доналд Трамп со Москва“, во САД, како што вели Биби, и понатаму се верува дека Русија се обидува да ја „поткопа американската демократија“ и генерално на секој начин да и наштети на Америка, објави „Курир.рс“.

– Тоа е многу опасно и точка. Идејата дека САД се соочува со ризик кој им го загрозува нивното постоење, значително го отежнува управувањето со кризата. Станува сѐ потешко да се воспостават канали за комуникација, кои се потребни за управување со кризите и спречување на судири – предупредува Биби.

Како што истакна, со оглед на состојбата на ривалство во која се наоѓаме не им дозволува на американските експерти и политичари да работат во насока на мерки кои би овозможиле да се управуваат односите и да се отстрануваат опасностите.

– Не го правиме она што е неопходо за да го спречиме натпреварувањето во тоа кој ќе ја преземе контролата – додава експертот. Биби, кој работел и како советник за Русија, Евроазија и разузнавачки прашања за потпретседателот на САД, Ричард Чејни, овој месец ја објави книгата „Руската стапица: како нашата војна во сенка со Русија може да резултира со нуклеарна катастрофа“.

Тој во кингата ја образложува тезата дека меѓусебните стереотипи и недоразбирања можат да доведат до ескалација на тензиите меѓу двете земји, што пак може да предизвика неконтолиран отворен судир.

– Мораме да разговараме едни со други и мора да постои комуникација. Дури и во времето на Студената војна имаше повеќе комуникација меѓу Вашингтон и Москва во споредба со денес. Во САД, покрај тоа, постојат и закони кои не дозволуваат одреден вид на комуникации, на пример, на двете војски. И политичарите имаат многу сомнежи кога станува збор за комуникацијата со руските официјални лица. Тие се загрижени дека со тоа ризикуваат дека ќе бидат обвинети за предавство или за оправдување на чекорите на Русија. Тоа не ни дава да воспоставиме комуникација која е неопходна за управување со нашите односи – смета Биби.

Според ставот на овој експерт, потребно е да се воспостават нови правила на играта, бидејќи во времето на Студената војна постоеле такви правила.

– Правилата не беа смислени за да бидеме пријатели. Нивната цел беше од ривали да не прераснеме во непријатели кои се борат во вистинска војна. Поголемиот дел од тие правиле денес не постојат, а оние што останаа не се замислени така за да одговараат на новите услови и новите технологии за вооружување со кои се соочуваме – објаснува експертот.

Тој напоменува дека новите технологии бараат различен пристап од постоечкиот систем за стратешка стабилност. На пример, тој анализира дека денес има тактички ракети, кои мораат да имаат стратешка примена и тие се важни слично како што своевремено било важно нуклеарното вооружување.

– Имаме нови суперсонични средства за кои е многу тешко да се откријат и пресретнат. Тие го кратат времето на носење на одлуки по предупредувањето. Вештачката интелигенција и противсателитските системи ги зголемуваат заканите. Би рекол дека во нашиот сајбер-свет имаме клучни технологии чија логика е различна во однос на логиката на воздржување во минатото. Мораме да најдеме начин за воспоставување на стратешка стабилност во новата ситуација – смета Биби.

Како што констатира, сѐ уште не е јасно како да се направи тоа, бидејќи двете земји не разговараат за ова прашање. „Сметам дека сите тие области побаруваат нови правила на играта. Нешто од тоа би требало да се направи на билатерална основа меѓу Москва и Вашингтон, а нешто на мултилатерална основа со учество на голем број на преговарачи и играчи – анализира Биби.

Според него, постепеното воспоставување на дијалог по принцип „од долу нагоре“ не успеало во минатото, а во одреден момент сепак е неопходна комуникација на ниво на раководствата на земјите. Биби признава дека моменталната политичка логика, која му налага на американското раководство да се воздржува од преговори со Русија, е во спротива со дијалогот кој е неопходен за да се намали ризикот од воен судир.

Во својата книга експертот опишува, според негово мислење, слична состојба како онаа пред Првата светска војна. Тогаш, катастрофата ја предизвикале меѓусебното потценување на потенцијални противници, неконзистентните геополитички амбиции и новите технологии кои го охрабруваат „првиот удар“ и создавање на илузија на супериорност над противникот.

– Денес ширум светот постојат бројни потенцијални моменти кои би можеле да предизвикаат слична криза. А ние немаме канали за комуникација, правила на игра и мерки за ограничување, кои се неопходни за да можеме да се справиме со тоа. Мора да се признае дека таквата ситуација е опасна. Ако го направиме тоа, тогаш мислам дека можеме да се избориме, но мора да се признае дека опасноста е тука – завршува Биби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот