Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Аналитичари: Поскап „Ајфон“ наскоро поради царините на Трамп?
Телефонот „Ајфон“ на американскиот производител „Епл“ би можела да поскапи откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе низа царини во земјите ширум светот, соопштија аналитичарите на компанијата „Розенблат секјуритис“. Повеќето Ајфон телефони се уште се произведуваат во Кина, на која САДи воведоа тарифи од 54 отсто, објави Ројтерс.
Препорачано
Акциите на производителот на телефони паднаа за повеќе од осум проценти по објавувањето на тарифите, најлошиот ден од септември 2020 година. Агенцијата наведува дека „Епл“ сега има дилема дали да прифати дополнителни трошоци или да ги пренесе на клиентите.
Најевтиниот модел „Ајфон 16“ кој беше лансиран во САД со цена од 799 долари (околу 725 евра), според пресметките врз основа на проекциите на аналитичарите наскоро би можел да чини дури 1.142 долари (1.035,74 евра).
Оттаму посочуваат дека цената на споменатиот телефон би можела да се зголеми за 43 отсто, доколку „Епл“ реши новонаправените трошоци да ги пренесе на потрошувачите.
Трамп наметна тарифи на широк опсег на кинески увоз во неговиот прв мандат како претседател за да ги притисне американските компании да го вратат производството или во САД или во блиските земји како Мексико, но потоа Apple обезбеди исклучоци за неколку производи.
„Епл“ продава повеќе од 220 милиони Ајфони годишно, пред се на пазарите во САД, Кина и Европа, пренесува Танјуг.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7сек
-
3мин
-
14мин
-
16мин
-
26мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5